Паранојата го достигна врвот во СДС – По Black cube, денес на ред беше шпионскиот софтвер Pegasus
Што, побогу, се случува во СДС? Ова прашање со месеци си го поставуваат граѓаните, а причина е инфантилното и забегано однесување на партијата која наликува на Орвелово дело или, сепак, поверојатно некоја драма од театарот на апсурдот. Болумента која во уплав од одговорноста која доаѓа се надева на враќање на власт на вистинскиот им лидер Заев, кој тоа ќе го стори денес, утре, а поверојатно вчера.
Ако не верувате, прочитајте и проследете ја последната прес-конференција на Бихаќка која ја прочита едно детиште со ХиTлер-јунген фризура кое првпат во животот го гледаме. Очебијно, Шмрчко, Богданка и Венко се премориле, па земале слободен ден. Заслужено, откако се навикнавме Филипчо да го гледаме и кога ќе отвориме фрижидер.
Проследете ја оваа луцидна и сериозна мешавина на параноја, имбецилизам и продукти од прекумерна употреба на иљачот на Шмрчко.
Ви ја пренесуваме интегрално, до точка и запирка. Уживајте…
„Министерот Панче Тошковски јавно изјави дека полицијата поседува софтвер кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на сите граѓани на Македонија.
Тој систем се вика Pegasus.
Pegasus е шпионски софтвер (spyware) кој го разви израелската компанија NSO Group.
Може да се инсталира далечински, без кликање на телефонот, да пристапи до сите пораки, фотографии, локација, камера, микрофон, контакти и апликации.
Се користи за таен и тотален надзор.
NSO Group го продава на влади под изговор на борба против тероризам и криминал, но масовно се злоупотребува против новинари, активисти, опозиција и критичари на властите низ целиот свет.
После Black Cube, приватниот Мосад, за тајно снимање, следење и фабрикување афери Мицкоски и ВМРО-OKG одат чекор понатаму: воведуваат државен шпионски софтвер против сопствените граѓани.
Големиот пријател на Мицкоски од сестринската партија СНС – Александар Вучиќ и неговиот режим купиле Pegasus и слични израелски алатки.
За тоа опширно пишувале: Amnesty International, BIRN (Balkan Investigative Reporting Network), Citizen Lab, Access Now, Share Foundation, Haaretz, The Guardian, Washington Post и други.
Во Србија Pegasus бил користен против новинари, активисти и критичари на власта.
Мицкоски сега го копира тој авторитарен модел.
После Орбановите медиуми, после „Black Cube“, сега доаѓа Pegasus, тотална контрола над граѓаните, а пред сè над СДСМ и претседателот Венко Филипче.
Ова е борба на Мицкоски против слободата на мислење, слободата на говор и против секој кој не се согласува со нивната власт.
Ваквата практика е директно кршење на Уставот, Европската конвенција за човекови права и европските стандарди.
Европската унија повеќе пати остро го критикуваше злоупотребата на ваков софтвер во авторитарни режими.
ВМРО-OKG и МВР наместо да ги штитат граѓаните – ги шпионираат.
Тие ја водат државата како криминална организација, а граѓаните ги третираат како непријатели.
Јавно бараме:
* Веднаш да се обелодени кој го купил Pegasus, колку чини и против кого се користи
* Независна истрага за злоупотребата на софтверот од страна на МВР
* Оставка од Панче Тошковски
Демократијата не е компатибилна со Pegasus.
Нема да дозволиме Мицкоски, Тошковски и криминалната организација ВМРО да ја претворат Македонија во криминална држава.
Граѓаните на Македонија заслужуваат слобода, а не шпионирање 24 часа на ден.“ срочија од СДС.
Еве го и објаснувањето, единствено логично, за лиферуваниот неучнофантастичен материјал.
Comments are closed.