Карпош доби водопади по невремето (ВИДЕО)

По големото невреме кое го зафати Скопје пред два часа до нашата редакција пристигна видео од поплавени улици во скопската општина Карпош.

Имено станува збор за населбата Козле каде на еден дел според видео снимката се гледа и како се формираат „природни водопади“ кои се леат низ улицата.

И додека иста е ситуацијата и во населбите Нерези, Жданец, Трнодол и Тафталиџе за општинските власти во Карпош работното времето одамна заврши па граѓаните сами се справуваат со поплавените улици, затнати шахти, поплавени подруми и надојдена земја, кал и камења…

https://youtu.be/spYniOdsx_M