Реакција на МКД.мк и „Маркет вижн“: Апасиев не знае да ги чита резултатите од анкетите
„Професорот Апасиев прави споредба на резултатите од анкетата од септември лани со резултатите на Левица остварени на изборите за кои вели дека биле ‘безмалку 7%’. Господинот би требало да знае дека на избори не излегуваат оние што рекле нема да гласаат, а кога се проектираат изборни резултати од анкета се отстрануваат и оние кои се изјасниле дека нема да гласаат за ниту една партија. Така според посочената методологија проектираниот резултат на Левица на локалните избори 2025 во анкетата на Маркет вижн е 6,9%“, пишува во реакција на МКД.мк и „Маркет вижн“.

Според ДИК, на изборите излегле 834.440 граѓани, а од нив на листите за совет, каде јасно може да се види партиската ориентација, за Левица гласале 56.287 што изнесува приближно 6,7%.
Еве како треба да се изврши пресметката.
Значи, резултатот во анкетата на „Маркет вижн“ прилично точно е превиден резултатот на Левица, дури и микроскопски преценет.
Бројките најдобро зборуваат за професионалноста и точноста на агенцијата, а на господинот Апасиев му стоиме на располагање да му помогнеме за толкување и објаснување на резултатите од статистички аспект“, се вели во реакцијата.

Comments are closed.