ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција – Соборена е од противвоздушната одбрана на НАТО во Медитеранот

Противвоздушните и противракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во Источниот Медитеран пресретнаа иранска балистичка ракета што леташе кон турскиот воздушен простор, објави турското Министерство за национална одбрана.

Ракетата беше испукана од Иран и помина низ ирачкиот и сирискиот воздушен простор пред да биде пресретната, пишува „Туркие тудеј“.

Турското министерство за одбрана соопшти дека балистичката ракета испукана од Иран била навремено пресретната и неутрализирана. Остатоците од пресретнувачката ракета паднале во округот Дортјол во покраината Хатај, откако заканата била уништена во воздух.

Потврдено е дека остатоците припаѓаат на одбранбена ракета, а не на дојдовната ракета. Нема извештаи за жртви или повредени.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK