(ВИДЕО) Над 150 деца убиени во напад врз училиште во јужен Иран
До 160 ученици веројатно се убиени во ракетен напад врз основно училиште за девојчиња во јужен Иран, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багаеи.
„Во нападот на ционистичкиот режим (Израел) врз училиштетот во градот Минаб загинаа 150 до 160 наши девојчиња, и ова е големо злосторство”, го цитираше портапролот агенцијата ISNA.
Порано во саботата, иранското Министерство за здравство објави дека се повредени уште најмалку 80 девојчиња.
Училиштето „Шаџарех Тајебе“ се наоѓа во округот Минаб во покраината Хормозган, каде наводно се стационирани неколку ирански поморски бази.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, го осуди масакрот врз невини ученички во израелскиот напад врз основноto училиште во градот Минаб.
„Уништената зграда е основно училиште за девојчиња на југот на Иран. Беше бомбардирана сред бел ден, кога беше преполна со ученички“, напиша тој на платформата за социјални медиуми X во саботата навечер, објавувајќи фотографија од бомбардираното училиште во иранската покраина Хормозган.
„Десетици невини деца се убиени само на ова место“, додаде Аракчи истакнувајќи дека „овие злосторства нема да останат неказнети“.
Локалните власти соопштија претходно во саботата дека најмалку 82 ученички ги загубиле животите, а 92 други се повредени во заедничкото американско-израелско ракетирање врз училиштето Шаџареје Тајебех во Минаб.
Гувернерот на Минаб, Мохамед Радмер, изјави дека во училиштето се во тек операции за спасување и помош и дека безбедносната ситуација во градот е под контрола.
Screams of grief filled the air in Minab, Iran, after an US-Israeli attack on an elementary school martyred multiple students.
Follow https://t.co/boCY50qfi9 pic.twitter.com/EHlAGawkQn
— Press TV 🔻 (@PressTV) February 28, 2026
Comments are closed.