Дали Советот на Јавни Обвинители ќе работи стручно и одговорно согласно закон?

До нашата редакција стигна следното барање, кое јавно го поставувме и очекуваме одговор:

Советот на јавни обвинители следната недела е пред тест дали ќе работи стручно и одговорно согласно закон, без произволно толкување на закон и кршење на законските услови.
Кандидатот Ненад Савески конкурирал за Државен јавен обвинител без да има стаж. Како што е познато, огласот за Државен јавен обвинител е објавен на ден 12 јануари 2026 година. Во тоа време Савески извршува функција судија на која е избран на ден 5 септември 2016 година и од тогаш до објавување на огласот има судиски стаж од 7 години, 2 месеци и 10 дена, исто така приложил и потврди дека претходно бил избран за јавен обвинител на 26 јуни 2009 година и до денот на избор за судија односно 5 септември имал 9 години, 4 месеци и 7 дена.

Савески според ова не го исполнува законскиот услов предвиден во точка 2 од огласот, односно за Јавен обвинител може да биде именувано лице кое ги исполнува и посебните услови од членот 62 став (1) алинеа 1 од Законот за јавното обвинителство, односно не ги исполува предвидените посебни услови да има непрекинат работен стаж од намалку 10 години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право од член 62 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство, бидејки се работи за законски услов најмалку 10 години стаж како судија или како јавен обвинител алтернативно, а не кумулативно двата стажа.

Дали е ова точно и дали советот ќе прогледа низ прсти на ваквата непотполна апликација?

Дали советот на Јавни обвинители ќе ја прифати или отфрли ваквата апликација?

Дали Советот на Јавни Обвинители ќе работи стручно и одговорно согласно закон?

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK