Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но не сме дел од неа поради вештачки причини
Добро е кога Западниот Балкан е во оптиката на Европската Унија и тоа е охрабрувачки и за граѓаните од регионот, затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски при пристигнувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
Западниот Балкан, посочи премиерот, географски припаѓа на Европа и логично е тој да се интегрира во рамките на Европската Унија.
– Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна, бидејќи нашиот пат започна пред 25 години, но поради, би рекол, вештачи причини сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека државата и Владата се обврзуваат да го испорачаат сето она што е потребно во пристапниот процес кон ЕУ, но не поради самиот процес, туку, пред сè, поради македонските граѓани, бидејќи тие го заслужуваат тоа.
Comments are closed.