Куновска со поддршка до Орце за забраната за фрлање ѓубре – Во Швајцарија со камери набљудуваат кој какво ѓубре ќе фрли
Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, ја поддржа одлуката на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за забрана за фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот и ја оцени како „добра одлука“.
Таа го спореди скопскиот потег со долгогодишната пракса во Швајцарија:
„Пред 40 години првпат видов камери кои снимаат кога и какво ѓубре одложува секој станар. Ако е вон времето или несоодветно спакувано, ѓубрето ти го враќаат пред врата со љубезна порака – дали знаете дека се фрла во точно утврдено време, на точно место и во точно обоен ѓубре-кеса. Тоа е прва и последна опомена пред казната да стигне по пошта“, напиша Куновска на Фејсбук.
Comments are closed.