Љупчо Златев – Кадрите на СДСМ не сносат одговорност пример за тоа е Ден Дончев и покрај земање мито шета како слободен граѓанин
-СДСМ има кадри кои не сносат одговорност. Каде е случајот со Ден Дончев?Тој беше фатен на дело, сите го видовме, сликан како зема пари. И сега Ден Дончев е слободен човек како мене и другите граѓани, нагласи новинарот Љупчо Златев при своето гостување на емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.
Златев додаде дека правдата за сите подеднакво не важи. Бидејќи тој поради што ја обелодени злоупотребата за национална безбедност се подигна кривична пријава против него. И поради обелоденување на криминалите на СДСМ тој мора да одговара и да го докажува тоа.
-Ден Дончев е фатен со торба пари, сликан и го виде целата македонска јавност. И Ден Дончев за разлика од Љупчо Златев не мора да ја докажува својата невиност, затоа што Ден Дончев не е влезен во процедура. И сега истите тие на Ден Дончев нас ќе ни прават реформи во судството, истакна Златев.