Сладоледот е омиленото слатко задоволство на сите , но посебно на најмладите. Но овој рецепт ви дава можност да уживате во неговиот вкус кога и да посакате, а притоа тоа да не влијае на вашата линија. Пробајте го овој здрав рецепт за сладолед во кој можете да уживате секојдневно.
Потребни состојки:
- 300 грама јагоди
- 200 милилитри кокосово млеко
- Прстофат ванилин шеќер
- 3 лажици мед
Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги сите состојки неколку часа во фрижидер.
Исчистете ги јагодите, пресечете ги на половина и ставете ги во блендер. Додајте ги кокосовото млеко, ванилата и медот. Добро изблендирајте додека не добиете кремаста смеса.
Смесата можете да ја ставите во посебни калапи за сладолед или во кутија. Ставете ја во замрзнувач и оставете ја додека не замрзне.