Таравари: Ќе поддржиме премиер Албанец само ако има четиригодишен мандат
Сите овие разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави за „ТВ 21“ Арбен Таравари од коалциијата Алијанса/Алтернатива.
Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, тоа што СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари.
Ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12 пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку тој премиер има четиригодишен мандат, а не и за друг партиски пазар – вели Таравари.