Обид за убиство во Охрид: 19-годишен охриѓанец со нож нападнал врсник

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишниот И.А. од Охрид поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство во обид“.

Според МВР, настанот се случил на 14 септември 2025 година, околу 05:10 часот, во продажен објект на улицата „Партизанска“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот. Пријавениот со нож го нападнал 20-годишниот Х.С. од Охрид.

Напаѓачот веднаш бил лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид, каде му била укажана лекарска помош. – Скопје1.мк

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK