(ВИДЕО) Mаж избоде 5 пет лица во хотел во Марсеј

Француската полиција вчера во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица.

Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот на хотелот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба.

Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Тој бил избркан од хотелот бидејќи не плаќал.

Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од полицијата, соопштија обвинителот Николас Бесон и локалната полиција.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK