Љамалари доби казна затвор од две години за напад врз градоначалничката Арсовска

Сулејман Љамалари денеска доби две години затвор неправосилна пресуда од Кривичниот суд за насилство врз скопската градоначалничка Данела Арсовска.

Од Кривичниот суд велат дека Љамалари е виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, и му изрече казна затвор од две години.

Љамалари на 11.07.2025 година извршил грубо насислтво врз Арсовска, која откриваше дивоградби во Чаир.

Во однос на мерката притвор, судот донесе одлука да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казна затвор, но не подолго од 60 дена.

Обвинетиот призна дека вербално ја навредувал Арсовска, а не и дека ја удрил. Напротив, рече дека таа го удрила по нога.

„Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од осум дена по приемот на пресудата. По однос на мерката притвор, судот одлучи истата да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 дена“велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK