Бебе старо само 7 дена е пронајдено покрај контејнер во Земун

Во раните утрински часови во Земун, на улицата Дунавска, покрај контејнер, пронајдено е новороденче. Како што дознава српски „Телеграф“, станува збор за бебе старо само седум дена.

Детето било завиткано во пешкир, а по пристигнувањето на брзата помош, покажувало знаци на живот. Веднаш било пренесено во Клиничката болница Земун, каде што му била укажана медицинска помош.

Повеќе информации засега не се познати.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK