Костовски: Ова е сценарио кое што е правено со месеци наназад, за никој да не знае на време биле известени да си ги повлечат парите
Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.
„Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка“, истакна Костовски.
Тој најави дека правдата ќе ја бара надвор од Македонија со оглед на тоа дека тоа е странска фирма.