Приведен организатор на протестите против поскапувањето на струјата
Доцна синоќа во Тетово опожарени се две возила на ЕВН. ТВ21 беше на местото на настанот, а инцидентот го потврдија и од МВР од каде велат дека пожарот бил предизвикан со запалива течност.
Возилата целосно изгореле, а од пожарот било зафатено уште едно возило со тетовски регистарски ознаки.
Воедно, од МВР информираат дека на информативен разговор во полициска станица во Тетово бил приведен Кренар Османи, кој е организатор на протестите против поскапувањето на струјата.
Тој за ТВ21 потврди дека бил приведен и задржан во полициска станица до раните утрински часови.
Според Османи поднесена му е кривична пријава, само заради тоа што напишал статус „Сакате игра, и ние ќе ја играме играта“.
Како што вели тој, кривичната пријава е за опожарување на двете возила, а целиот случај ќе продолжи во судска постапка.
Од ЕВН го осудија овој инцидент и како што велат, по ова ќе ја зголемат безбедноста на своите вработени.