Пријава за 59-годишниот жител на Крива Паланка кој мачеше куче врзано за автомобил

59-годишниот З.М. од Крива Паланка заработи пријава откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како влече куче врзано за автомобил.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на магистралниот пат од селото Жидилово кон Крива Паланка, лицето управувало патничко моторно возило марка „Фиат Панда“ на кое било врзано куче што го влечел по патот.

Лицето било повикано на службен разговор вчера во 14:45 во ОВР Крива Паланка. По преземените мерки и целосно документирање на случајот, против З.М. е поднесена соодветна пријава за стореното дело.

Comments are closed.

ZBOR.COM.MK