Село гори, а Заев си ја ишка мувата од капата: Пироманот бил „само“ општински возач, не негов, а тој 12 години градоначалник?!

Зоран Заев, поранешен градоначалник на Струмица, екс премиер, екс претседател на СДСМ, потписник на Бугарскиот договор, машноврзувач за Преспанскиот, екс обвинет за мега-криминалите поврзани со Глобал, Поткуп, Пуч, Цареви Кули, јаглен од Грција, ковид-вакцини од Кина и по ново неимар од Дубаи, негира дека струмичкиот пироман кој го уапси МВР бил негов возач кога тој бил градоначалник. Тоја да ти бил општински возач, а за 12 години Заев никогаш не се возел со него. Така барем тврди Заев во изјава за Фокус.

„Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, истакна Заев во изјава за „Фокус“.

Не кажа кој го вработил Николов во општината, ниту одговара дека за 12 години градоначалнички мандат (4384 дена) е повеќе од неверојатно Александар никогаш да не го возел. Вака испаѓа дека не го ни познавал, а 12 години сте работеле заедно. На ред се вработените и свиркачите, кои во следниот период ќе кажат која е вистината за конекциите меѓу Заев и Николов.

Народот, за одговорот на Заев вели „си ја ишка мувата од капата“, а сето тоа се случува додека Македонија и се соочува со серија подметнати пожари и поплава од пироманија.

ZBOR.COM.MK