Апокалиптични сцени од пожарите во регионот: Турција е погодена од десетици пожари секој ден од крајот на јуни, Грција се бори со 5 големи пожари, 240 пожари се активни во Бугарија, во Албанија горат куќи и хотели
За справување со активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони, информираше портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојанис, јави дописничката на МИА од Атина.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Ватракојанис.
Тој додаде дека по наредба на началникот на противпожарната служба, сите служби на територијата се ставени во општа готовност, како и сите сили за цивилна заштита.
За Атика, Евија, и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.
Очекуваме четири хеликоптери – од Чешка, Унгарија, Словачка и Франција, како и два авиона од Шведска да се приклучат денеска во гаснењето на пожарите на територијата на Бугарија во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита. Ова го изјави премиерот на Бугарија, Росен Жељазков, кој коментираше на темата за време на неговата официјална посета на Република Молдавија, јави БТА.
Желјазков истакна дека пожарите во државата во овој момент се околу 240, кои предизвикуваат штета, вклучително и прекуграничен ефект.
Росен Жељазков нагласи дека 95% од пожарите се предизвикани од човечка небрежност и ги повика луѓето да бидат внимателни и одговорни, особено во текот на летната сезона и високите температури.
Според премиерот на Бугарија, ситуацијата во врска со пожарот кај Струмјани останува тешка, каде што, покрај воените хеликоптери, ќе бидат вклучени и 50 воени лица од Министерството за одбрана.
Луѓе се евакуирани од пожарот во близина на селата Тран, а пожарот кај Лесово ја премина границата со Турција.
Европскиот механизам е активиран и европската солидарност функционира, рече премиерот на Бугарија, Росен Жељазков.
Шумските пожари што беснеат низ Турција со недели го загрозија четвртиот по големина град во земјата рано наутро во неделата, принудувајќи стотици луѓе да ги напуштат своите домови.
Ноќните пожари во пошумените планини околу Бурса во северозападна Турција се ширеа брзо, носејќи „црвен сјај“ на ноќното небо над источните периферии на градот.
Канцеларијата на гувернерот на Бурса во неделата соопшти дека 1.765 луѓе биле безбедно евакуирани од селата на североисток, додека повеќе од 1.100 пожарникари се бореле со пламените јазици.
Автопатот што ја поврзува Бурса со главниот град Анкара беше затворен бидејќи околните шуми беа зафатени од пламен. Орхан Сарибал, опозициски пратеник во покраината, ја опиша сцената како апокалипса. Сепак, телевизиските снимки открија мрачен пејзаж каде што некогаш се наоѓале фарми и борови шуми. Турција е погодена од десетици пожари секој ден од крајот на јуни.
Bursa’da alevler yerleşim yerlerini sarmaya başladı…
Bursa’ya ses olalım lütfen.#BursaYanıyorpic.twitter.com/XylcG6ynIh— mühendisyen (@muhendisyenn) July 26, 2025
Министерот за шумарство Ибрахим Јамукли изјави дека противпожарните екипи низ целата земја се борат со 76 одделни пожари во саботата. Пожарите се поттикнуваат од невообичаено високите температури за сезоната, сушните услови и силните ветрови.
Пламените, кои избувнаа синоќа на југот од Албанија и го зафатија приморскиот одморалиште Борш на островот во Јонското Море, се проширија на куќи и хотели.
Утрово, според соопштението од албанското Министерство за одбрана, 40 лица, вклучувајќи туристи, се евакуирани, пренесува Ansa.
Повеќе од 200 припадници на цивилната заштита, пожарникари и воен персонал се ангажирани во гаснењето на пожарот, во кој им помагаат и два воени хеликоптери.
Ситуацијата околу градот Валона, особено во населбата Канина, моментално е под контрола. Во текот на ноќта, полицијата уапси овчар под сомнение за подметнување пожар.
Како што објави италијанскиот тим за цивилна заштита, вчера во областа дејствуваше и канандер – специјализиран авион за гаснење пожари, кој дојде од Италија за да им помогне на албанските власти во борбата против огнената стихија.
Emergenza #incendi in #Albania: fiamme fuori controllo, evacuazioni e interventi internazionalihttps://t.co/Yg2W3h39Q8
— MeteoWeb (@MeteoWeb_eu) July 26, 2025