10-годишно дете паднало од електричен тротинет, итно е хоспитализирано со тешки телесни повреди

На 24.07.2025 во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

ZBOR.COM.MK