Антонио Милошоски – Пендаровски го узурпираше мандатот и го заборави Уставот

Претседателот Пендаровски пред две недели тврдеше дека согласно Уставот ќе го додели мандатот само на оној кој ќе му предочи 61 потпис од пратениците.

Денес Пендаровски самиот се девалвираше со тоа што мандатот му го додели на пратеникот Заев, кој нема 61 потпис од пратеници, но е претседател на партијата СДСМ што го кандидираше Пендаровски. Го узурпираше мандатот, го заборави Уставот.

По оваа уставно-спорна логика Пендаровски можеше исто така да му го додели мандатот и на Африм Гаши, пратеник и претседател на партија. Или на Маја Морачанин, пратеник и претседател на политичка партија. Или да размисли кој му е поблизок па да реши да му го додели мандатот на Павле Трајанов или на Бејџан Иљас, избрани пратеници и претседатели на политички партии.

Но, сепак Пендаровски го одбра Заев, наместо Уставот и затоа треба да е свесен дека со ваквиот свој потег тој дополнително ќе ја потхрани политичката и институционална криза во која Македонија се наоѓа подолго време. – напиша Милошоски на својот фејсбук профил.

https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/3547551791930928