Мицкоски: Денес Бугарија работеше против нас и светот виде со какви неправди се соочуваме во 21 век

Секогаш сум бил директен и искрен. Така ја почнав мојата кариера и така ќе продолжам. Ги кажувам работите со вистински зборови, а не како политичарите во минатото да заобиколувам, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од мене секогаш ќе добивате само искреност и искрени намери. Во политиката влегов токму поради тоа. Затоа што сум дел од онаа излажана генерација на срушени соништа за сопствената држава кога мечтаевме да бидеме далеку напред како дел од Европаи тие вредности, а добивавме корупција, злоупотреби, предавства и неправди, истакна Мицкоски.

Мицкоски рече дека македонската историја е втемелена на неправди.

Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но за да ја разбереме таа блокада мора најпрво да сфатиме дека таа блокада не започна денес, ниту ќе заврши денес. Таа блокада е почната уште во 1990 година кога бугарската држава во моменти на ембарга, безпарица, војни во поранешна Југославија, како и проблематизирање на нашата држава од страна на Грција се случи еден гест од Бугарија, а тоа е признавање на посебноста на нашата држава, но со една ограда, дека тие не го признаваат јазикот и народот, потенцираше Мицкоски.

Остануваме горди, со крената глава. Денес Бугарија работеше против нас. Денес светот виде со какви предизвици и неправди се соочуваме како држава и народ во 21 век. Денес комотно и на очиглед на сите на Европа можеме да и кажеме дека вистината излезе на виделина, на површина, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на вонредна прес-конференција.

Како што порача Мицкоски од партискиот штаб, ние сме на вистинската страна од историјата, „а Бугарија видовме и дека знае да ја утне вистинската страна“.

Македонија е блокирана на европскиот пат од Бугарија, но не од сега, туку уште од 1990 година. Таа има јасна агенда и план, водена е од мислата да ги уништи македонската нација и идентитет. Но, да оставиме трага на вистината. Ова е нашиот Крушевски манифест, мораме да се мобилизираме со сите наши пријатели и сојузници. Ова е борба за фундаметнални правда и вредности. Но, оваа борба ниту почнува, ниту завршува денес, сите овие перипетии колку и да се трагични за Македонија имаат успешна димензија, потенцира Мицкоски по повод гласањето на извештајот во ЕП.

Според премиерот, македонската историја е втемелан на неправди.

Неправдите не се само идентитестки, преку оспорување и предавство, туку се и социо-економски, се раселувале, бегале од тука. Денес само методите се поинакви, но суштината е идентична. Никогаш нема да се соочиоме со неправдите ако не ги именуваме идентификуваме и победиме, рече Мицкоски.

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.  Пред гласањето по документот, беа усвоени амандманите предложени од европратениците Анджеј Халицки во име на Европската народна партија (ЕПП), Кетлин Ван Бремпт во име на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократиите (СД) и Дан Барна во име на либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ), со кои се избришани делови од текстот во Извештајот каде се споменуваа „македонскиот јазик и идентитет“.

ZBOR.COM.MK