ВИДЕО: Апокалипса во Белград – Летаа кровови, откорнати дрва во силно невреме

Силно невреме ја погоди денес Србија, а бурата проследена со обилни дождови и град го погоди и Белград. Драматични снимки од силната бура кружат на социјалните мрежи.

Големата бура што го погоди главниот град крши и урива сè пред себе, па, покрај крановите и контејнерите, дрвјата се најпогодени. Во некои делови од градот, ветерот дувал со брзина од над 100 км/ч.

Така, на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, ветерот искорнал огромно дрво, по што паднало врз возило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Како резултат на силна бура, се урна и покрив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, силниот ветер создал песочна бура.

А според најновите информации, на градилиште се урна и кран.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

 

ZBOR.COM.MK