Огромни поплави во Тексас, 24 загинати, 25 деца исчезнати (ВИДЕО)

Најмалку 24 лица загинаа, десетици се водат како исчезнати, вклучувајќи 25 деца, откако ненадејните поплави погодија делови од централен Тексас во неделата. Околу 25 девојчиња кои беа во летен камп се водат како исчезнати, потврди заменик-гувернерот Ден Патрик. Досега се спасени повеќе од 237 лица.

Во рок од 45 минути, реката Гвадалупе се искачи за 8 метри и имаше катастрофални поплави, одземајќи имот, а за жал и човечки животи“, изјави Патрик на прес-конференција во петокот.

Тој прочита соопштение од Кампот Мистик, во кој престојуваат околу 700 деца, во кое се вели дека имало „катастрофални нивоа“ на поплави и им се кажува на родителите дека доколку не биле контактирани, нивното дете се смета за безбедно. „Тоа не значи дека децата се изгубени. Можеби се надвор од домет на комуникација“, додаде заменик-гувернерот, кој е вршител на должноста гувернер додека Грег Абот е на одмор.

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово се огласи за поплавите. „Тоа е страшно“, рече тој, додавајќи дека поплавите биле „шокантни“.

Поради сериозноста на ситуацијата, прогласена е вонредна состојба за областите Хил Кантри и долината Кончо. Спасувачките операции и евакуациите се во тек од раните утрински часови, властите предупредуваат дека може да се случат понатамошни поплави, дури и ако дождот не е обилен. „Дури и со слаб дожд, можни се понатамошни поплави“, изјави вршителот на должноста гувернер Ден Патрик.

Гувернерот на Тексас, Грег Абот, изјави дека државата обезбедува „сите потребни ресурси за Кервил, Инграм, Хант и целата област на Тексас Хил Кантри која се соочува со оваа катастрофална поплава“.

Областа погодена од поплавите е северозападно од градот Сан Антонио. Снимките од местото на настанот покажуваат поројни дождови кои ги преплавиле мостовите и патиштата, а брзото движење на водата носи сè на својот пат.

„Ве молам, не ризикувајте. Бидете внимателни, слушајте ги локалните предупредувања за вонредни ситуации и никогаш не возете низ поплавени патишта“, рече комесарот на Министерството за земјоделство на Тексас, Сид Милер.

Канцеларијата на шерифот на округот Кер го опиша настанот како „катастрофална поплава“ и потврди дека има жртви. На граѓаните кои живеат во близина на потоци, речни текови и реката Гвадалупе им беше препорачано веднаш да се евакуираат на повисоките места.

 

 

 

ZBOR.COM.MK