„Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и се носеле одлуки на штета на жителите на Охрид и Струга“

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во работна посета на Франција, денеска одржа состанок со раководството на УНЕСКО.

Николоски истакна дека заштитата на Охридскиот регион и Охридското Езеро е приоритет и тие мора да одат рака под рака со развојот и благосостојбата на жителите на општините Охрид и Струга.

– Мора да потенцирам дека вакви состаноци недостасувале во минатото. Аргументите на Македонија никој не ги презентирал и често се носеле еднострани одлуки на штета пред се на жителите на Охрид и Струга. Тоа мора да се промени. Свесни сме дека одредени извештаи се во напредна фаза на подготовка, но исто така со голема проактивност работите ќе се менуваат во годините што се пред нас, вели Николоски.

ZBOR.COM.MK