Македонија до сега никогаш не била во првите 5 држави во Европа по економски раст – сега е четврта!

Од своето осамостојување до денес Македонија никогаш немала економски раст кој ја става во првите најуспечни пет држави во Европа. Сега е четврта според економски раст во првиот квартал на годинава, а проектите се се уште во фаза на почетна реализација и по што се очекуваат крупни инвестиции и работи на инфраструктурни проекти кои битно влијаат на БДП.

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на БДП во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.

– Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Тоа е многу значајно и ова не е случајност. Доказ дека резултатите загарантирано доаѓаат кога државата се води со знаење, трпеливост и истрајност. Знаевме дека не смееме да губиме време. Отворивме ново поглавје на економски раст и тоа е сериозен сигнал дека реформите даваат резултати. Ако сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на листата, мора да го одржуваме просекот кој треба да биде повисок од 4% – изјави премиерот.

Можеме слободно да кажеме дека економијата конечно се стабилизира во рамките на 3 и +3%, нешто што порано беше невозможна мисија, порача Мицкоски.

ZBOR.COM.MK