ВИДЕО: Етна еруптираше – туристите избегаа

Облак од пепел се издига го 6,5 километри во висина, но лавата се задржува на падините на вулканот

По уривањето на дел од кратерот на Етна, вулканот почна да исфрла лава и пепел, а туристите избегаа.

Облак од пепел се издига го 6,5 километри во висина, но лавата се задржува на падините на вулканот.

Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) издаде црвен аларм за воздушен сообраќај поради облакот што се издига над вулканот.

Етна е највисокиот активен вулкан (3324 метри) во континентална Европа. И покрај честите ерупции во текот на изминатите 500.000 години, Етна е една од главните туристички атракции на Сицилија.

ZBOR.COM.MK