Од денеска влегува во сила новиот Закон за енергетика: EВН нема да смее да издава паушални сметки за струја
ЕВН веќе не смее да издава паушални фактури откако денеска влегува во сила новиот Закон за енергетика. Отсега фактурите за електрична енергија мора да се базираат исклучиво на реално измерена потрошувачка, освен во случаи кога мерниот уред е технички неисправен.
Исто така паушалното фактурирање станува незаконско и спротивно на законските прописи.