ЛДП ќе бара итна средба со премиерот: Време е за обединување околу стратешките цели на државата

-Ќе продолжиме да работиме за: силни институции, европски стандарди, еднаквост меѓу нациите, економски просперитет. Време е за обединување околу стратешките цели на државата, велат од ЛДП.

ЛДП останува посветена на европската иднина на Македонија, велат од партијата.

-Денес премиерот во Парламентот јавно ја препозна ЛДП како една од ретките партии со вистинско и влијателно европско и меѓународно партнерство. Тоа е признание што доаѓа со одговорност. Како либералдемократи, отсекогаш сме се залагале за заштита на националниот интерес, македонскиот јазик, идентитетот, културата и традицијата – доследно, преку конкретни резолуции и постапки, а не со дневнополитички поени. Ќе побараме итна средба со премиерот и неговиот тим за да ја разбереме целосната стратегија на Владата во изминатиот период и да понудиме искрена и ефективна поддршка во процесот на евроинтеграции, посочуваат од партијата.

ЛДП посочуваат дека веруваат дека политиката не смее да биде инструмент за поделби, туку алатка за напредок.

-Ќе продолжиме да работиме за: силни институции, европски стандарди, еднаквост меѓу нациите, економски просперитет. Време е за обединување околу стратешките цели на државата, велат од ЛДП.

ZBOR.COM.MK