Муцунски се сретна со Рубио: Потврдена силната стратешка поврзаност меѓу двете земји и заедничката заложба за регионалната стабилност
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.
Двајцата соговорници ја потврдија извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план.
Во рамките на разговорот беа разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија. Министерот Муцунски ја истакна отвореноста на македонската влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.
Comments are closed.