Милошоски: Судскиот совет вчера незаконито избра судии во Апелацискиот суд, Камбовски се соочува со три години затвор за сторено кривично дело
Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, во деталната анализа на својот фејсбук-профил укажува на бројни пропусти во почитувањето на законските одредби при вчерашниот избор на апелациски судии од страна на Судскиот совет. За некои од пропустите Милошоски вели дека е сторено и кривично дело.
