МВР го расчиси убиството во Шуто Оризари – Мажот кој си ја уби сопругата имал и соучесник

СВР Скопје го расчисти убиството кое се случи во саботата изминатиот викенд околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари.

38-годишниот Н.А. од Скопје при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на граничниот премин Табановце.

– На местото на настанот е извршен увид во присуство на Јавен обвинител и обдуценти од Институтот за судска медицина и криминалистика, по што телото на починатата е пренесено на ИСМК за обдукција. Дополнително, утврден е идентитетот на Д.С. (32), кој му помогнал на сторителот и го превезол до ГП Табановце, а му помогнал и да ја фрли облеката што сторителот ја носел во време на извршувањето на кривичното дело, која потоа од страна на полициските службеници е пронајдена и подигната за вештачење, а Д.С. е лишен од слобода, соопштија од МВР.

Исто така, пронајден е и ножот со кој сторителот го извршил кривичното дело.

По обезбедување на доказниот материјал, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава во итна постапка против Н.А. за кривично дело “убиство” од Казнениот законик и против Д.С.за кривично дело “Помагање на сторител по извршено кривично дело”.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK