ВИДЕО: САД го бомбардираа Јемен

Во воздушниот напад на Соединетите Американски Држави врз главниот град на Јемен, Сана, според Хутите загинале 12 лица, а 30 биле повредени.

Според тврдењата на Хути, нападот ја погодил населбата Фарва, област која веќе била цел на американски напади во минатото, пренесува Тајмс оф Израел.

Централната команда на американската армија не одговори на прашањата во врска со нападот, ниту пак коментираше за цивилните жртви што се резултат на воената операција.

Снимката емитувана на сателитскиот канал на Хутите, „Ал Масира“, покажува уништени возила и згради.

Покрај Сана, напади ноќта меѓу неделата и понеделникот погодија и други делови на Јемен, вклучувајќи ги провинциите Амран, Ходеида, Мариб и Саада.

Нападите се случуваат во време кога во Рим беа повторно започнати разговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран, која Вашингтон ја поврзува со нападите врз Јемен.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK