Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитираше акцијата на МВР за Кочани
Синоќа, Министерството за внатрешни работи, по налог на Основното јавно обвинителство имаше акција за апсење на 7 полициски службеници кои се поврзани со трагедијата во Кочани и кои се сомничат за независно работење и злоупотреби. Шефот на јавното обвинителство, Љупчо Коцевски за време на своето гостување на Телевизија Телма, паралелно додека траела акцијата на Бирото за јавна безбедност при МВР ја обелодени истата.
Коцевски ја споделил информацијата на самиот почеток на акцијата. Споделувањето на таквата информација, коментира извор од МВР, би можела да биде аларм за осомничените. Како што наведува нашиот извор, од МВР овој негов потег го оцениле како компромитирачки за нивната акција.
До раните утрински часови полицијата се уште трага по едно оде седумте осомничени лица од полицијата. Осомничениот по кој се трага живее во Штип.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.