Шеваљ од Грчец ужива во Дубаи, лепи пари на забава со Драгана Мирковиќ

Шеваљ Муаерми, попознат како Шеваљ од Грчец, водач на криминалната банда Грчец/Дуќанџик е добро. Нѐ поздрави од Дубаи каде живот си живее. Луксузни ресторани, дружби со српски „певаљки“. Се појави на роденденска забава на фудбалерот Лука Миливојевиќ. 

Специјална гостинка на забавата беше балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ. Друштвото пушеше пури, се пиеше на големо. Во еден момент Драгана ја запеа македонската „зајди зајди“ и друштовото беше во делириум. Летаа евра и долари, расположението било на максимум.

Додека Шевањ е во Дубаи Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница.

Муареми е осомничен за водач на оваа група, според податоците на МВР, инволвирана во недозволена трговија на дрога, а се товарат и за убиства.

Заминување на Шеваљ од Македонија е по убиството на  неговиот пријател Орхан Бајрами Оки  на Халкидики.Претходно убија уште еден негов близок- . Јетон Кривањева Жила заедно со Енес Ибраимов Љаци во Шиша бар во Скопјe.

 

 

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK