Уапсен Ејуп Рустеми, директор на државни патишта од ДУИ и соработниците
Поранешниот директорот на Државни патишта, двајца вработени во оваа компанија како и сопственик на агенција за обезбедување утрово се приведени во полициска акција.
Според информациите, приведен е екс директорот Ејуп Рустеми, раководителот на одделението на наплата на патарини и контрола Дрилон Зибери како и помошникот на директорот за одржување на патишта Ејуп Љатифи.
Покрај нив приведено е и уште едно лице сопственик на агенција за обезбедување.
Информацијата до овој момент нема официјална потврда од МВР или од Обвинителството. Групата се гони за дела поврзани со корупција.