БЕДНА, ВЕЌЕ ВИДЕНА ПРОПАГАНДА- Порано шарени РЕВОЛУЦИОНЕРИ, сега ПРОВОКАТОРИ за немири во Кочани
Кочанчани, како и граѓани во другите градови, вечерва се собраа на плоштадот во градот, да оддадат почит за жртвите на трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“.
Но и во ова време кога цела Македонија е завиена во црно и тагува, некој се обидува да создаде немири на мирните собири.
Иако ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност, има и такви кои сакаат да провоцираат по трагедијата во Кочани.
„Вие господине Заев сте единствениот човек во последниве две декади кој ја тргна маската од вештачкиот лицемерен национализам кој што се криеше зад зборот демократија. Вие господине Заев ја сменивте историјата на Балканот кој што во умот на секој интелектуалец низ целиот свет постои како црна дупка сѐ уште поради разорниот конфликт, поради национализмот, поради лажниот патриотизам кој ништо не донесе освен раздор и конфликт. Вие господине Заев сте најголема мотивација“.
Вака го величеше поранешниот премиер Зоран Заев, Сања Боризовска, активистка на СДСМ.
Денеска, оваа девојка спонтано се појави и на протестите за пожарот во Кочани и бара промени.
-Многу треба да направиме за да смениме. Прво од нас да почнеме. Да престанат политичарите да се сликаат покрај повредени деца да ги користат за политички цели. Да не ја заборавиме оваа трагедија, вели таа.
Еден од оние кои даваа изјави на денешниот собир во Кочани е и Венко Крстевски, како што самиот вели „независен советник во оваа општина“.
Кочанчанецот Венко Крстевски, кој вечерва на протестите даваше изјави за медиумите и се претставуваше како преживеан од трагедијата во дискотеката „Пулс“, е всушност еден од припадниците на т.н. Шарена Револуција, по која Македонија доби наметната власт која за седум години успеа да ги девастира институциите во државава.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.