ВИДЕО: Се излеа јаловина во Крива Река

Вести Сцена Магазин Спорт Интервјуа Колумни Република Еколошка катастрофа ВИДЕО: Се излеа јаловина во Крива Река -Од потегот на падините на граничниот премин Деве Баир кон централното гратско подрачје како што е потечението на реката Крива Река целата е хаварисана и сива, изјави мештанин на Крива Паланка

Коритото на Крива Река е преплавено со јаловина на рудникот за олово и цинк Тораница кој е под концесија на индиската компанија „Индоминерали и метали“ во општина Крива Паланка.

На социјалните мрежи од попладнево се шират видеа и слики од променетата боја на реката која минува низ централното градско подрачје на Крива Паланка.

-Добивме информација дека е пукната цевка во флотацискиот дел на рудникот за олово и цинк Тораница во општина Крива Паланка и дека се излеала јаловина во Тораничка и Крива река каде довеле до заматување на водата. Од рекреативни риболовци се земаат примероци од водата во моментов.
Инспектори на терен НЕМА, објави O2 Иницијатива, на својот фаејбук профил.

-Од потегот на падините на граничниот премин Деве Баир кон централното гратско подрачје како што е потечението на реката Крива Река целата е хаварисана и сива, изјави мештанин на Крива Паланка.

Тој додаде дека оваа не е прв пат, ваква хаварија се случила пред неколку години, но јавноста не била зинтересирана на случувањата во овој мал град.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK