Вања била грабната по грешка, требало да биде киднапирана ќерка на сопственик на веледрогерија, открива Манев

Обвинетиот Велибор Манев, кој денеска сведочи во Кривичниот суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, раскажа дека, откако го убиле велешанецо, го затрпале во земуницата. На истотото место требало да биде грабната и некоја 40-годишна жена.

По убиството тргнале за Скопје, а Манев го возел „цитроенот“ на Панче. Се искучиле кај Катланово и продолжиле по стариот пат за Скопје.

Не знам ни самиот како возев. Кај Хиподром сфатив кај сум. На „моторола“ Палчо ми кажа да запрам кај Кванташки кај пругата и тука да го оставиме „цитроенот“. Нè товари во пикапот и нè однесе во канцеларија. Влатко направи кафе. Го прашав Палчо пак – зошто сево ова. Тој ми рече, прекини, ништо не разбираш. Станавме со Боре да си одиме за Велес. Ни рече за вечерта пак да се видиме. Му реков дека немам пари, и оти немам со што да дојдам повторно. Ми го даде „кангуто“ и вечерта пак дојдовме во Скопје и нè однесе до местото „Оризови дупки“. Мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена. Следното утро во четврток тргнавме да ја грабнеме жената, но се вративме и „цитроенот“ го оставивме во Маџари. Со „кангуто“ се вративме во Велес. Во Скопје пак дојдовме во четврток да пробаме да ја грабнеме жената што ја лоцирал Палчо. Дојдовме пред жената. Планот беше жената да се турне во сутеренот и таму да ја врзуваме. Но, од сутеренот излезе, некоја друга жена и планот пак пропадна. Страшо, директор на „Гранит“ бил во планот на Палчо. Потоа се одлучи на жена, на некоја од фармацеврските куќи, така кажуваше. Ја следел и ја сликал. Третиот обид беше на 27.11. Од Радишани тргнавме кон зградата каде што требаше да биде гравнувањето. Ние тројца бевме во „цитроенот“, нè има и на снимките, сведочи Манев.

За грабнувањето на 14-годишното девојче, како што кажа Манев, Палевски им објаснил како се отвара вратата од зградата, каде се подрумските простори.

Влатко остана во колата, влеговме јас и Боре. Беше темно, немаше сијалици. Палевски по моторола за времето 7 и 20 кога требаше да излезе жената. Јас бев долу а Боре чекаше со селотејш лента. Кога таа излезе Боре ја грабна и ја стави лентата. Таа излезе од лифтот и одеше кон скалите. Особата беше идентична со таа што ни ја кажуваше Палче. Ја врзавме, Влатко го отвори гепекот и ја ставивме во вреќа, раскажува Манев.

Неговото сведочење се уште трае.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK