Од рубриката „верувале или не“: ПАРТИЈАТА КОЈА КОЈЗНАЕ КОЛКУ ПАТИ ГО МЕНУВАШЕ, сега ќе го заштитува Уставот?!?!

Од рубриката „верувале или не“ (ова второто) ни доаѓа веста за СДСМ која го заштитува македонскиот Устав. Неверојатно, нели? На македонските уши ова им звучи страно, нелогично и научно-фантастично, но сепак, тоа да ти било вистина. Очебијно, стравот од вистински, професионални, непристрасни и објективни судии и обвинители кои нема да мижат пред криминалот што го правеле функционерите на СДС и ДУИ и нема да ги кријат нивните премети по фиоки каде ќе фаќаат прашина, е голем. Огромен. А страв, страв куќа чува, велат старите. Чувал и од затвор, но не за долго…

Има ли пилот во авионот од Бихаќка? Можат ли СДСМ да бидат уставобранители? Дали повеќе ви личат на слонови во пижами? Овие прашања логично се наметнуваат по денешната одбранбена прес-конференција на Ана Чупеска, новата ударна каписла на СДСМ, тазе и новокомпониран дел од раководството на партијата. Токму затоа од рубриката „верувале или не“ доаѓа веста за СДСМ која го заштитува македонскиот Устав. Неверојатно, нели? На македонските уши ова им звучи страно, нелогично и научно-фантастично, но сепак, тоа да ти било вистина.

„Оваа прес конференцијата ја посветуваме на одбрана и на заштита на уставниот поредок на нашата држава“?!

Со овие зборови, толку туѓи и непримерни за речникот на СДСМ и истовремено така непознати за македонскиот народ од оваа адреса, Чупеска ја започна патетичната прес-конференцијата на која под превезот на некаква си заштита на уставниот поредок, партијата сака да го спаси сегашниот правосуден систем, т.е. подобро кажано –  државниот јавен обвинител Коцевски и Судскиот совет, институции и ликови наместени токму од нив пред паѓање од власт, отстапница за нивните функционери кои во редици чекаат пред македонските судови заради сторениот криминал, а поголемиот дел со случаи токму во фиоките на истите тие судии и јавни обвинители.

„Гледаме како власта ја упорно сака да ја демонтира секоја инстицтуционална брана од авторитаризам, преку нелегалните и неуставните постапки, преку исилените и силеџиски разрешувања, преку сатанизации и јавни линчувања на судии, на обвинители“ ќе рече/истресе разјарената Чупеска, бранејќи го судството со 2 насто доверба, паднато на тоа дереџе токму поради нивните интервенции.

Партијата коај во еден единствен ден во 1996-та смени и постави неверојатни 400 судии, сега ќе рече: „Во овие процеси мора, повторувам, мора да се штити и гарантира Уставот – посебно начелата за поделбата на власта и владеење на правото.“

Да се потсетиме, ова доаѓа од партијата која не го почитуваше гласот на народот искажан на Референдум, насила го смени името, донесе двојазичност и покрај противењето на еминентната Венецијанска Комисија за истиот, ја направи Територијалната поделба во 2004-та, ни стокми „привремено“ име во 1995-та кое траеше 24 години,прифати небулозен Француски предлог,  партија позната по Русковска обвинителството и Кацарска судството, номенклатура која осуди дузина патриоти и ги направи „терористи“, а исто време повторуваше процеси за вистинските терористи од Диво насеље и Монструм.

Очебијно, стравот од вистински, професионални, непристрасни и објективни судии и обвинители кои нема да мижат пред криминалот што го правеле функционерите на СДС и ДУИ и нем да ги кријат нивните премети по фиоки каде ќе фаќаат прашина е голем. Огромен. А страв, страв куќа чува, велат старите. Чувал и од затвор, но не за долго…

Знаат добро и дека нема да успејат во намерата со своите бедни 18 пратеници (не се ни толку), како што знаат и дека таа „доверба“ им е дадена од народот кој сака промени на подобро и конечно справување токму со тој инструиран и од Заев (вистинскиот лидер во сенка, сега и новопечен неимар во Дубаи) „распупен“ правосуден систем.

И сега, истите тие ќе го бранат Уставот?

На социјалните мрежи веќе се шегуваат на сметка на СДС. „Да можеше Уставот да зборува, сигурно ќе им речеше на СДС: Аман, бате, не ме брани…“

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.

ZBOR.COM.MK