РЕЗИЛ: СДСМ се извини за соопштение СО ЛАГИ испратено до медиумите
Ова не е првпат СДСМ да излаже во соопштение, пред неколку месеци направија и прес-конференција на која Богданска Кузеска лажно ја обвини Анастасија Илиеска од ТВ Алфа, не сфаќајќи дека се работи за друга Анастасија. Во минатото, се сеќаваме на аферата „лажни лични карти за избори“ продуцирана од Чаушот, за која сторија новинарот Арсиќ доби и награда од ЗНМ, како и Фабриката во времето на Црвенковски.
„Упатуваме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, велат од СДСМ.
-Нашата намера никогаш не е да создадеме погрешна слика за актуелните состојби. Веднаш по согледувањето на пропустот ви го испраќаме ова извинување. Ви благодариме на разбирањето и ве уверуваме дека транспарентната и точна комуникација останува наш приоритет, посочија од СДСМ.
Трајков претходно испрати демант:
Би сакала НАЈОСТРО ДА ГИ ДЕМАНТИРАМ небулозните лаги кои се изнесени во ова соопштение на анти-македонската СДС.
Ова очајно друштво на некакви политички претенденти, веќе подолго време покажувајќи го својот очај и некреативност се занимава со некреативни очајни монтажи со моето име во недостиг на идеја и програма што може да ја понудат пред граѓаните.
Очекувам повеќе од СДС на некоја нивна чајанка да поработат на креативноста но и на понудата пред граѓаните за локалните избори кои следуваат како и на својот рејтинг кој ги руши сопствените рекорди и доживува историски дебакл од околу 6%, истакна Трајков.
Ова не е првпат СДСМ да излаже во соопштение, пред неколку месеци направија и прес-конференција на која Богданска Кузеска лажно ја обвини Анастасија Илиеска од ТВ Алфа, не сфаќајќи дека се работи за друга Анастасија. Во минатото, се сеќаваме на аферата „лажни лични карти за избори“ продуцирана од Чаушот, за која сторија новинарот Арсиќ доби и награда од ЗНМ, како и Фабриката во времето на Црвенковски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.