Трупот најден во Штип е на 86-годишниот Славе Димитриевски, кој исчезна минатото лето
Лешот што вчера го најдоа работниците кои го градат мега паркот во Штип е штипјанецот С. Д. ( 86 ), кој бил пријавен за исчезнат на 15 август 2024 . По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, а идентификувано е по увидот на СВР Штип и извршеното препознавање.
Мртвото тело во распаѓање било забележано од работниците кои со работните машини утринава го расчистувале теренот каде почна да се гради мега паркот во близина на населбата 8 Ноември во Штип. Телото било покриено со гранки, а на нозете немало обувки.
Во рок од еден месец, минатото лето исчезнале три лица, пишува „Фокус“, меѓу кои бил и Димитриевски. По три месеци од исчезнувањето беше најдено телото на Драгица Ристевска (74). По штипјанецот Драган Стојанов (40), кој исчезна четири дена пред Славе, односно на 10-ти август, се уште се трага.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.