Поранешниот кошаркар на ФМП и Црвена Ѕвезда Мајкл Оџо, почина откако претходно доживеа срцев удар во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Тој колабираше на тренинг, по што веднаш е пренесен во болница, но лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот.
Според неофицијални информации тој тренирал на стадионот на Партизан. Оџо две сезони помина во Црвена Ѕвезда, откако претходно една година го носеше дресот на ФМП.
Од крајот на јуни годинава стана слободен кошаркар, а од прекинувањето на соработката со Звезда не ја напушти Србија.
Тој во Србија стигна од редовите на американскиот колеџ тим на Флорида Универзитетот.