Сестрата на Фросина: Дното стварно имало подрум
Сестрата на Фросина Кулакова, Росица се огласи на социјалните мрежи по денешната прес-конференција на адвокатот Сашко Дукоски и родителите на Васил Јованов.
-Не сте преземале никаква одговорност како родитители, па уште и се нудите да ни помогнете! Вие не сте успеале да му помогнете на сопственото дете да го пронајде вистинскиот пат, а сега нам ни нудите помош за да ги исправите последиците од вашата претходна негрижа. Мизерија. Ајде тоа, туку се осмелувате и да го негирарте оправданиот револт на целата јавност. Дното стварно имало подрум. Знаеме дека вам не ви одговара да профункционираат правосудството и сите останати институции, пишува Росица.
Васил Јованов на 29 јануари годинава, управувајќи возило „Пежо 207“ без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удрил во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која почина на лице место.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.