Данела по петти пат менува директор на Комунално

Повторно е сменет директорот на скопското Комунално претпријатие. Досегашниот директор Јетон Незири оди во историја, а на негово место, градоначалничката Данела Арсовска го назначила Сабахудин Рустеми на кого му честитаат и на социјалните мрежи.

Познато е дека Рустеми доаѓа од Сарај и е поддржувач на ДУИ. Куп од споделените објави му се за поддршка за Блерим Беџети, а бил и во кампот на ДУИ пред Уставниот суд, каде беа поставени шатори. Најмногу внимание привлекуваат неговите објави со пречкртаните лица на Стево Пендаровски и сегашната претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, но и повикот за бојкот на двата маркети „Стокомак“ и „Кам“.

Според неофицијални информации, Рустеми е ангажиран во Комунална хигиена преку агенција пред неколку месеци.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.