Експлозијата во Бејрут ја потресе либанската престолнина, а на социјалните мрежи постојано се објавуваат видео снимки и фотографии од моментот кога се случила несреќата.
Таков пример е и снимката од домашната безбедносна камера од еден стан во Бејрут која го прикажува испаничениот татко како се обидува да го спаси синот од експлозијата.
Како што може да се забележи на видеото, таткото постојано го прегрнува својот син и се обидува да го смири, а на крајот решава да го сокрие под масата и со своето тело да го заштити од евентуално рушење на зградата.