Пресуди за Тврдина: Јанкуловска ослободителна пресуда, Грујевски и Бошковски со највисоки казни, за Мијалков застаре делото
Денеска Кривичниот суд ја објави пресудата за „Тврдина“. Според судот екс разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во Грција, добија највисоки казни. Грујевски е осуден на 14 и пол години, а Бошковски на 9 години и 10 месеци за злоупотреба на службената положба и фалсификување на исправа, поврзано со уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.
Тони Јакимовски доби казна затвор од 3 години. Условно беше осудена Валентина Симоновска на 2 години, а казната нема да се спроведе доколку во рок од 5 години не направи другу кривично дело. Ослободителна пресуда доби поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бидејќи како што кажа судијата, Илија Трпков обвинителството не докажало дека го сторила делото.
„Повредени беа човековите права на огромен број граѓани, бизнисмени и политичари. Се упадна во приватноста. Со прислушувањето се контролираа процеси и се контролираа бутновните граѓани. Со упадиот во системот, се овозможи кривичното дело за прислушувањето да застари“, рече судијата Трпков во образложението на пресудата.
Повторената пресуда за „Тврдина“ следеше откако застаре гонењето за делот „Таргет“ за масовното прислушување каде меѓу обвинетите беше и екс шефот на УБК Сашо Мијалов.
Но и на „Тврдина“ ѝ се ближи рокот за застарување за неколку месеци. Ако дотогаш не стане правосилна, пресудата ќе застари. Апелација еднаш веќе ја укина пресудата „Таргет-Тврдина“. Тогаш предметот стоеше во фиока дури девет месеци кај апелациониот судија Енвер Беџети, а Судскиот совет за тоа го казни само парично.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.