Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип
Премиерот Христијан Мицксоки нагласи дека Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип и таа останува еден од главните приоритети во здравствената инфраструктура. Најави дека средствата за реализација на овој, како и за неколку други проекти ќе се обезбедат со финансиска поддршка од странство.

-Македонските граѓани ќе имаат едно големо пријатно изненадување што се однесува до здравствениот сектор во овој прв квартал од оваа година. Во завршни преговори сме со две многу моќни европски држави со коишто имаме намера да потпишеме меѓувладини договори во коишто ќе бидат опфатени неколку проекти за финансирање во делот на транспортот, инфраструктурата, дигитализацијата и здравството. Во делот од здравството, се разбира наш приоритет од првиот ден на работа на оваа Влада е Клиничката болница во Штип. Тоа што сме го ветиле, што сме го кажале пред македонските граѓани, тоа и ќе го испорачаме, истакна премиерот Мицкоски.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.