Видео: Сашо Мијалков снимен во Монте-Карло со луксузен автомобил вреден над 600.000 долари
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК и осуденик е снимен во Монако со луксузен автомобил „Ферари“, пред скап хотел.
Според објавувачот, снимката, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа.
Според податоците достапни на интернет, автомобилот „Ферари“ со кој е забележан Мијалков, може да чини од 629,990 до 709,900 долари.
На видеото може да се забележи како тој пристугнува, го остава возилото на паркирање и со женска личност влегува во хотелот.
View this post on Instagram
За Мијалков и во минатото се зборуваше дека поседува имот во Монако. Наводно тој има и стан во Монте-Карло во кој живеел неговиот син за време на студирањето таму.
Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.
Извор: Скопје 1
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.